Стојановска и Главевски победници во Топ 8 натпреварите во пинг-понг категорија У19
- Во Крушево изминатиот викенд се одиграа Топ 8 натпревари во пинг-понг во категорија помлади од 19 години во машка и женска конкуренција.
Скопје, 30 мај 2022 (МИА) - Во Крушево изминатиот викенд се одиграа Топ 8 натпревари во пинг-понг во категорија помлади од 19 години во машка и женска конкуренција.
Во женска конкуренција пласманот на најдобрите три е:
1. Ана Стојановска - ППК Крива Паланка, Крива Паланка
2. Катерина Лаура Михајлов - ППК Телеком Нец 2, Скопје
3. Изабела Ковачовска - ППК Зегин Берово, Берово
Најдобри во машка конкуренција:
1. Даниел Главевски Зхоу - ППК Пелагонија, Битола
2. Нико Доага - ППК Крушево, Крушево
3. Лука Стојчев - ППК Шампион Фа, Штип
По комплетирањето на сите натпревари во оваа конкуренција У19 за сезона 2021/22 кај машките на табелата прв остана Александар Јакимовски од ППК Крива Паланка, додека Стојановска е прва и со голема предност кај девојките. зс/