Стојановска го освои првото место на Балканската конект лига во пинг понг
- Македонската пингпонгарка Ана Стојановска го освои првото место во категоријата јуниорки на Балканската конект лига за млади играчи што викендв се одржа во Скопје.
Скопје, 9 февруари 2020 (МИА) – Македонската пингпонгарка Ана Стојановска го освои првото место во категоријата јуниорки на Балканската конект лига за млади играчи што викендв се одржа во Скопје.
Од македонските натпреварувачи меѓу првите три беа и Бојана Михајловска во конкуренција на јуниорки и Богоевска и Стојановска кај кадетките.
Пласман по категории во денешните натпревари:
Јуниори:
1.Фатих Карабачак
2.Елвин Цоковиќ
3.Милош Раховиќ
Јуниорки:
1.Ана Стојановска
2.Бојана Михајловска
3.Алма Мехмети
Кадети:
1.Бленд Хајдари
2.Јакша Кривокапиќ
3.Андреј Милошевиќ
Кадетки:
1.Шега Хасани
2.Васе Богоевска
3.Сузана Милошевиќ, Сара Стојановска
Следниот круг натпревари во рамките на Балканската лига ќе се одржи во Црна Гора.
Во текот на вчерашниот ден с еодржаа натпревари во екипна конкуренција. Од македонските репрезентативци најуспешни беа јуниорките кои ја потврдија доминацијата од првиот круг на балканската лига. Прво место во екипна конкуренција освоија и кадетките, кадетите беа второпласирани додека јуниорите беа последнопласирани. зс/