• четврток, 27 јуни 2024

Стотици заложници, главно жени и деца, беа спасени од милитантите на Боко Харам во Нигерија

Стотици заложници, главно жени и деца, беа спасени од милитантите на Боко Харам во Нигерија

Абуџа, 21 мај 2024 (МИА) - Стотици заложници, главно жени и деца, држени во заробеништво со месеци или години од милитантите на Боко Харам во североисточна Нигерија се спасени од шумска енклава и предадени на властите, објавија американските медиуми, повикувајќи се на соопштение на нигериската армија.

Според соопштението, 350-те заложници биле држени во шумата Самбиса, засолниште за екстремистичка група која водела бунт во 2009 година. Спасените 209 деца, 135 жени и шест мажи биле изнемоштени.

Некои од девојчињата носеле бебиња за кои се верува дека се родени како последица на принудни бракови.

Во текот на спасувачката операција, некои милитанти беа убиени, а нивните куќи направени од импровизирани материјали беа уништени, соопшти нигериската армија.

Ослободените заложници се пренесени со камиони до зградата на регионалната влада во државата Борно, каде властите ќе се грижат за нив додека не се вратат дома. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан