• петок, 22 ноември 2024

Стотици американски Евреи ја „зазедоа“ Статуата на слободата - бараат прекин на огнот во Газа

Стотици американски Евреи ја „зазедоа“ Статуата на слободата - бараат прекин на огнот во Газа

Њујорк, 8 ноември 2023 (МИА) - Неколку стотици американски Евреи се собраа пред Статуата на слободата во Њујорк повикувајќи на прекин на огнот и крај на „геноцидното бомбардирање“ на цивилите во Газа.

Облечени во црни маици со пароли „Евреите бараат прекин на огнот“ и „Не во наше име“, демонстрантите развија транспаренти на кои пишуваше „Целиот свет гледа“ и „Палестинците треба да бидат слободни“, пренесува Гласот на Америка.

-Познатите зборови на нашата еврејска прамајка Ема Лазарус, врежани во овој споменик, не принудуваат да преземеме акција и да ги поддржиме Палестинците во Газа кои копнеат да дишат слободно, изјави Џеј Сапер од Еврејскиот глас за мир, кој го организираше собирот.

Демонстрантите од пропалестинскиот невладин Институт за блискоисточно разбирање побараа да се прекине „геноцидното израелско бомбардирање на палестинските цивили во Газа“.

-Се додека луѓето во Газа врескаат, ние мораме да врескаме уште погласно, без разлика кој се обидува да не замолчи, изјави фотографката Нан ​​Голдин.

Градот Њујорк, мешавина од мигранти, во последните месеци е растресен од произраелски и пропалестински демонстрации.

Градот е дом на околу два милиони Евреи и стотици илјади муслимани и досега беше избегнато какво и да било насилство поврзано со конфликтот во Газа, иако тензиите се многу изразени на одредени места низ него , особено на универзитетските кампуси. сд/

Остани поврзан