Стопанската комора ќе ги презентира наодите од анализата за сивата економија
- На почетокот на прес-конференцијата, пред презентацијата, ќе се обрати претседателот на Комората, Бранко Азески.
Скопје, 5 јули 2023 (МИА) - Стопанската комора денеска, на тематска прес-конференција насловена „Сивиот дел на македонската економија: големина, импликации, решенија“, ќе ги презентира наодите од анализата за сивата економија.
Анализата ја изготвија потпретседателот на Комората Зоран Јовановски и Павле Гацов, даночен експерт и член на Управниот одбор на Комората. Во изработката учествуваше и професорот Александар Стојков.
На почетокот на прес-конференцијата ќе се обрати претседателот на Стопанската комора Бранко Азески. мч/мд/
фото: МИА архива