• понеделник, 23 декември 2024

Столтенберг: Потребна е дополнителна воена помош за Украина  

Столтенберг: Потребна е дополнителна воена помош за Украина  

 
Стокхолм, 8 март 2023 (МИА)  -
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг синоќа, во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Шведска, ја истакна потребата од дополнителна воена помош за Украина, јави ДПА.

- Беше разговарано за итната потреба за зголемување и одржување на поддршката, изјави Столтенберг по разговорите со шведскиот премиер Улф Кристерсон во Стокхолм.

Според него, сега е важно да се зголеми производството на оружје и муниција.

Столтенберг го поздрави фактот што се работи на заедничка набавка на муниција од страна на земјите од Европската унија.

Министрите за одбрана на 27-те земји од ЕУ денеска на состанок во конференцискиот центар во близина на Стокхолм ќе разговараат за понатамошното снабдување со муниција за Украина. Столтенберг е поканет како гостин на министерските консултации. зш/

Остани поврзан