• сабота, 23 ноември 2024

Столтенберг му одговори на Путин: НАТО никогаш не бил закана за Русија

Столтенберг му одговори на Путин: НАТО никогаш не бил закана за Русија

Брисел, 5 април 2023 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска му одговори на рускиот претседател Владимир Путин дека НАТО никогаш не бил закана за Русија.

Коментирајќи ги наводите на рускиот претседател за иницирање на геополитичка конфронтација меѓу Европската унија и Русија, Столтенберг изјави дека тоа не е конфронтација почната ниту од ЕУ, ниту  од НАТО, и дека Алијансата никогаш не била закана за Русија.

Тоа не е конфронтација ниту од ЕУ, ниту од НАТО. НАТО е одбранбен сојуз, НАТО и Финска никогаш не биле закана за Русија, изјави Столтенберг во интервју за Си-ен-ен.

Според него, со влезот во НАТО Финска ќе биде побезбедна, а НАТО ќе стане посилен.

Столтенберг додаде дека Русија не треба да одлучува кој може да влезе во Алијансата, туку тоа е одлука на секоја независна земја.

Путин претходно изјави дека односите меѓу Русија и ЕУ во последно време се влошени, како и дека конфликтот со Русија го иницираше Европа. сд/

Остани поврзан