• петок, 22 ноември 2024

Стоилов: Да победиме за себе и за целата нација

Стоилов: Да победиме за себе и за целата нација
Виена, 14 јануари 2020 (МИА) – Во пресрет на денешниот натпревар со ко-домаќинот на Европското првенство, во таборот на македонската ракометна репрезентација владее оптимизам дека може да се постигне позитивен резултат. Пивотменот Стојанче Стоилов верува во победа и пласман во втората фаза на шампионатот. - Посакувам со победа да ја израдуваме целата нација. Освен што се домаќини, Австријците со ништо друго не ме плашат. Секако дека имаат квалитетни играчи, но ние можеме да ги сопреме нивните шутери. Посакувам помладите да бидат похрабри и да се прикажат во вистинско светло. Мотив не ни недостасува и верувам во успех на крајот, изјави Стоилов на денешната прес-конференција. На македонската репрезентација за сигурен пласман и е потребна победа. Почетокот на натпреварот во „Штадхале“ во Виена е во 18 часот и 15 минути. зс/

Остани поврзан