Стоилов: Вардар не е ист со и без Кристопанс, сега „виси“ и титулата во домашниот шампионат
- Ракометарите на Вардар претстојниот викенд ги очекува можеби клучниот натпревар за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите. Капитенот Стојанче Стоилов најави игра на победа против М
Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Ракометарите на Вардар претстојниот викенд ги очекува можеби клучниот натпревар за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите. Капитенот Стојанче Стоилов најави игра на победа против Мотор Запорожје и покрај тешката ситуација во која се наоѓа Вардар поради финансиската криза.
- Си замина клуче играч. Вардар не е ист со, и без Кристопанс. Наше е да се бориме, да пробаме да победиме. Ова можеби се последните натпревари за нас тука. Нас никој ништо не ни кажува. Ние сме европски шампион. Односот спрема нас е смешен. Ќе видиме што ќе се случи. Наше е да дадеме се од себе, да го победиме Мотор, но реално сега каква што е работата, во прашање е доведена и титулата во Македонија, истакна Стоилов.
Натпреварот Вардар – Мотор Запорожје се игра в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот. зс/