• понеделник, 23 декември 2024

Стоилковски: Николовски да побара оставка од Марин, или ќе докаже дека води измислен сектор за корка леб

Стоилковски: Николовски да побара оставка од Марин, или ќе докаже дека води измислен сектор за корка леб
Скопје, 15 февруари 2021 Љупчо Николовски, нема капацитет да се справи со еден градоначалник како Златко Марин од Аеродром, а не пак да решава криминал и корупција на високо ниво. Криминал и корупција од Владата на кој што и самиот членува. И по укажувањето од страна на ЗНМ дека огласот на Општина Аеродром, водена од Златко Марин, за награди за новинарски прилози во висина од 180.000 денари, за прилози во кои што пред избори ќе ја промовираат предизборна агенда на СДСМ е корупција, Марин ете не реагира. Недостатокот на морална одговорност кај Марин и Советот од СДСМ, е причина Љупчо Николовски да побара негова оставка. Николовски има чиста позиција да реагира и да покаже дека не седи на измислена позиција за корка леб. Николовски треба само да покаже малку храброст и да се спротивстави на Зоран Заев, чиј што избор беше Златко Марин. Огласот за поткуп за новинари распишан од Општина Аеродром, со потпис на градоначалникот Златко Марин и Советот воден од СДСМ - се уште е активен, иако најрелевантното новинарско здружение го оцени како неетичко и спротивно на јавниот интерес. Љупчо Николовски има чист терен во изборна година да покаже барем трошка доблесност, а не дека е ухлебен во Владата за од таму да координира партиски активности. А, со тоа и дека е реална оценката за хибридниот режим кој што ја дави државата во корупција. Доколку навистина Љупчо Николовски сака да се бори против корупцијата, барањето за оставка од Златко Марин од Општина Аеродром е можност за тоа. Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. https://www.youtube.com/watch?v=_LYfFiubqyw&feature=youtu.be

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан