Стоилковски: Неотповиклива оставка на Џафери и повлекување од пратеничката функција
- Скопје, 14 мај 2022
Скопје, 14 мај 2022
Ниту една институција во државата не смее да го премолчи примитивизмот на Талат Џафери во македонското Собрание! Примитивизмот на Џафери е насилство врз вработени, злоупотреба на позиција, кршење на човековите права, примитивизмот на Џафери е спротивен на сите документи за заштита на човековото достоинство. Џафери најбрутално го згази достоинството на позицијата собраниски спикер и воопшто позицијата пратеник во македонското Собрание.
Единствен следен чекор во било кое демократско општество би било неотповиклива оставка на Џафери и повлекување од пратеничката функција од македонското Собрание! Се друго е ново тонење во катастрофа!
Димитар Ковачевски со изјавата за примитивизмот на Џафери уште еднаш потврди дека е пион на крими - коалицијата ДУИ-СДСМ. Ковачевски потврди дека наместо премиер е пион и паж во власта на ДУИ и дека дозволува самоволие дури и од најпримитивно ниво само и само да остане на власт!
Примитивецот од Форино има функција којашто е втора во државата и по функција го менува претседателот на државата кога тој е отсутен! Јавноста имаше прилика да го слушне вистинскиот карактер на примитивецот од Форино. Онаков недостоен примитивен излив на бес во прашање ја доведува неговата деловна способност и воопшто ментална стабилност за да извршува вакви високи државни функции! Државата не смее да биде заложник на апстиненцијални кризи и намалена деловна способност на човек именуван на висока државна функција за СДСМ да остане на власт. Државата не смее да е заложник во рацете на примитивецот од Форино само за пажот на ДУИ, пионот Димитар Ковачевски, да биде глув за примитивизмот на Талат Џафери, глуми премиер!
Оттука, ги повикуваме сите релевантни државни и невладини институции во делот на обезбедувањето и логистиката на Парламентот, како МВР, СОЗР, па и ЈО, Народниот правобранител, но и Хелсиншкиот комитет, синдикатите и другите невладини организации, да отворат случај во име на заштита на достоинството и кредибилитетот на функцијата претседател на Собранието и Собранието воопшто! Молкот од нив ќе значи одобрување и воведување практика недостојна за било која колку- толку демократска држава!
Нема и не постои оправдување за простотилак и примитивен однос кон вработени, не постои оправдување за пцости и навреди, какви што сета јавност во Македонија имаше прилика да го слушне примитивецот од Форино, Талат Џафери! Никој во Македонија не е должен ниту пак е вработен да трпи навреди со сексуални конотации, да биде пцуен и бркан со зборови „сиктер“ и „мрш“ од примитивецот од Форино, само за поданичката СДСМ да остане на власт!
Оставка на Џафери веднаш! Оставка на владата веднаш! Само избори се спас од катастрофата!
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
—————————————————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
https://www.youtube.com/watch?v=025Pmfa4jNE