• понеделник, 23 декември 2024

Стоилковски: Наумоски и СДСМ ветија нова амбуланта во Дексион, но не изградија

Стоилковски: Наумоски и СДСМ ветија нова амбуланта во Дексион, но не изградија
4 јули 2021 

Почитувани,

Објектот зад мене е амбулантата во Дексион, во Ѓорче Петров. Во неа се лечат луѓето од Дексион, во неа се лечат граѓаните и жителите на Ѓорче Петров. Овој објект тука во народот го носи името Чернобил. Луѓето од Дексион по медицинска помош се оставени во Чернобил т.н. зграда – објектот на амбулантата во Дексион! Погледнете, сликата говори сама за себе!

За овој објект стар преку 50 години, на истото место Александар Наумоски и целото СДСМ ветија и излажаа за нова амбуланта, голем објект, мултифункционален со многу содржини. Ова е доказ за лагата која што трае четири години, Чернобил наместо нов достоинствен објект за граѓаните на Ѓорче Петров, за граѓаните на Дексион.

Потпишуваа меморандуми Наумоски, заедно со пајташите Мила Царовска и Венко Филипче. Меморандуми за нов објект, а тоа беше во 2018-тата година. Во 2019-тата година Наумоски пак вети градење нов објект. Во 2020-тата порачаа, да се ревидирал ДУП-от па ќе се градело „повеќенаменски комплекс“. И еве денеска на крајот на мандатот на Александар Наумоски по 4 години лаги, тој ќе си замине, СДСМ ќе си замине, а во Дексион ќе остане популарниот Чернобил!

Зошто? Затоа што Наумоски и СДСМ брзаа да донесат ДУП-ови и планови за згради во Дексион, ама не во реонот кај амбулантата. Брзаа за градење  на облакодери спротивно на волјата на граѓаните на Ѓорче Петров и на Дексион. Брзаа за планови, за можен бенефит и за развој на урбаната градежна мафија.

Овој Чернобил зад мене може да почека, Наумоски и СДСМ имаат друга агенда!

И сега повторно ќе лажат, предизборно можеби ќе донесат од оние камионските приколки, монтажните модули, оние користени за корона кризата, фатени во лага за да ги претстават како решение, сега пред избори по четири години лага.

Почитувани,

Четири години со СДСМ и Наумоски во Ѓорче граѓаните не добија ништо. Сега во време на криза, 40 партиски вработувања за 10 милиони денари се направија во општината, 50% односно за половина е зголемена администрацијата во Ѓорче Петров, за еден милион евра годишно. Наумоски да потсетиме си ја зголеми ставката за плата во буџетот на над 1.000 евра. Го приватизираше паркот, носеше ДУП-ови за бетонизација на Хром и на Дексион. Сега за 25.500 евра купува две машини за перење. А, ѓорчепетровци нека се лечат во тука, во амбулантата во Дексион наречена Чернобил.

Нема полошо од СДСМ! Нема полошо од СДСМ ниту во Ѓорче Петров ниту во било која општина во Македонија! Нема полошо за Македонија од СДСМ!

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
_______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан