• понеделник, 23 декември 2024

Стоилковски: Дали продавање петарди е дел од проевропскиот претприемачки дух на внукот на Ахмети?

Стоилковски: Дали продавање петарди е дел од проевропскиот претприемачки дух на внукот на Ахмети?

Скопје, 31 декември 2023 

Почитувани ги мислевме за европјани овие од СДС и ДУИ, а тие да продавале петарди.
Годинава не може да заврши посрамно за владата од вчерашниот скандал, внукот на Али Ахмети оној  со претприемачки дух, Дрин Ахмети е фатен со полн џип пиротехника и петарди.

Владата мора да одговори:
-Со тоа што Али Ахмети е дел од "европската коалиција", а синоќа милионерот Дрин Ахмети освен што ја купи Соравија, дознавме дека шверцувал петарди, би прашале дали биле европски пиротехничките средства, од која европска земја се донесени, дали звукот што го испуштаат е европски и дали ја информирале Европската комисија за оваа нивна реформа со пиротехнички средства?

Владата денеска мора да одговори дали можеби и продавањето на петарди е дел од проевропскиот претприемачки дух на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, којшто беспари го зема центарот Соравија?

Дали навистина Дрин Ахмети има фабрика за производство на петарди, или тоа бил лажен изговор пред полицијата? Дали Соравија е претворена во фабрика за петарди за Дрин Ахмети потоа да ги продава?

Но почитувани, од владата и од Спасовски мора да има одговори дали вчера полициските Тигри кога го привеле Дрин Ахмети, со полн џип петарди и пиротехника, само по половина час Тигрите добиле "европска" наредба да се повлечат од станицата Центар?

Дали во системот навистина првично "европски" стоело дека е пронајдено возило со петарди, целиот случај да се води како нарушен ред и мир, да нема кривично дело, да нема ниту име и презиме на сторител? Дали Спасовски првично се исплаши од името на Дрин Ахмети тоа да биде спомнато? И дали сето потоа е сменето под притисок на јавноста?

Уште што ли се ќе доживее Македонија со СДС и со ДУИ?

Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме!

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ прашан на новинарско прашање за скандалот каде раководни лица од МНАВ си поднесоа оставки јасно одговори дека СДС и ДУИ го гледаат МНАВ како Македонска неофицијална Агенција за вработување.

Во владата снимаат демек проевропски реклами, а шиткале петарди. ДУИ и СДС како и до сега, повторно на контролата за летање гледаат Македонска неофицијална Агенција за вработување!Ова е таканаречениот европскиот призвук, екотот на проевропската коалиција СДС ДУИ, и веројатно за тоа ќе ја известат и ЕК. Да потсетиме дека така европски СДС и ДУИ се посомневаа во Евроконтрол и тестирањето во Данска минатата година каде наместо децата на ДУИ и СДС влегоа други кандидати, па дури и бараа докази од Данска!Постојано има скандали со огласите и приемите во МНАВ, каде напикаа роднини, деца, внуци и коалициски партнери за плати неколкупати поголеми од просечните.И лани имаше скандали со вработувања, а претходно да потсетам, скандалозно вработуваа роднини, деца, зетовци, братучеди на пратеници и министри од СДС и ДУИ како роднините на министерот Љупчо Николовски беа менувани и членови на комисијата за прием на работа во МНАВ.Почитувани, никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме, потенцираше портпаролот Стоилковски.

Прес-конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан