• петок, 22 ноември 2024

Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијативи до Уставниот суд за законите за патните исправи и за безбедност на сообраќајот од 2021 година

Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијативи до Уставниот суд за законите за патните исправи и за безбедност на сообраќајот од 2021 година

15 јануари 2024

Почитувани, денеска до Уставниот суд поднесовме претставки за проценка на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи (односно Член 3) и Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Член 5) двата објавени во „Службен весник “ на 03.06.2021 година. 

Со овие претставки се бара Уставниот Суд да поведе постапка за оценување на уставноста на овие два члена. Дополнително во двете претставки се бара Уставниот суд да донесе РЕШЕНИЕ ЗА ВРЕМЕНА МЕРКА. Односно согласно Деловникот на Уставниот суд, Уставниот Суд да го запре извршувањето на оспорените членови на Законите, се’ до одлучувањето дали се тие уставни или не.

Двата члена, односно во двата закони се наведува дека патните исправи, односно возачките дозволи и возачките книшки, „кои го содржат натписот Република Македонија издадени до денот на започнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во возачката дозвола, најдоцна до 12 февруари 2024 година“. Овие членови во двата закони се директно спротивни на Уставот, и тоа во членовите 8, 9, 11, 25 и членот 27 од Уставот.

Почитувани, со прифаќање на предлогот за времена мерка до носење на конечна одлука, би престанало да важи 12ти февруари како краен рок за важење на пасошите и возачките дозволи, наведено токму во оспорените членови.

Уставниот суд до сега покажал ажурност за носење на одлуки и очекуваме тоа да се случи и сега. На тој начин ќе се надмине оваа криза којашто е предизвикана од неспособноста на власта, намерна или ненамерна. Имајќи ја предвид состојбата пред пунктовите за фотографирање и за земање на новите документи, имајќи ја предвид состојбата дека нема нови обрасци во МВР, а тендерот е закажан за март месец, половина од луѓето на коишто им биле издадени пасоши и возачки дозволи (само 1,2 мил од 2,5 издадени пасоши досега се сменети) всушност МВР немаат можност да ги заменат документите до 12 февруари, како што предвидуваат овие два оспорени членови.

Воедно, со одлука на Уставниот суд за времена мерка за овие два члена, односно за ограничување на рокот на важење на документи, ќе се избегне дополнително компликување и товар врз Собранието или пак непотребни билатерални комуникации со други држави.

Се надеваме дека Уставниот суд ќе биде агилен и ќе ги земе предвид двете претставки за оцена, но и дека за двата оспорени членови на закон ќе се воведе времена мерка.

Во оваа прилика сакаме и да воочиме дека личните карти не се опфатени за промена со краен рок 12ти февруари. Тие важат и понатаму за се што е потребно, па граѓаните да не се изложуваат на понижувања и турканици за промена на лични карти. Рокот е само за пасоши и возачки дозволи.

Накусо, за овие три години СДС и ДУИ издавале документи со подолг рок на важење од она што го преземале како обврска во 2018 година, за сега, иако ги имале предвид податоците колку пасоши и возачки дозволи треба да се променат да не превземале навремени мерки и да се остави државата без потребниот број на обрасци во МВР.

Ова е веќе видено, СДС и Оливер Спасовски ваква иста состојба предизвикаа и во изборната 2020 година пред техничката влада, само и само со една цел, на штета на граѓаните, товарот да го префрлат на техничкиот министер  од опозицијата односно од ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски: М-НАВ е македонска неофицијална агенција за вработување на лицата од ДУИ и СДС

„За прв пат би кажал дека можам да се сложам со Димитар Ковачевски дека М-НАВ е претворена во семејна фирма, но тој требаше да оди до крај и да каже дека тоа е семејна фирма на власта на ДУИ и на СДС, каде што како што рековте снаата на Артан Груби, сестрата на Бујар Османи, чичко и братучед на Љупчо Николовски се вработени таму и што самиот призна. Но и двајца зетовци и еден син на Ејуп Алими и на Беким Незири исто се вработени во М-НАВ“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска одговарајќи на прашање на медиуми.

Стоилковски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ на темата М-НАВ одржа серија прес конференции.

„И досега за овие состојби имавме серија прес конференции во кои што М-НАВ го нарекувавме, а би рекол и со вистинското име македонска неофицијална агенција за вработување на лицата од власта“, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека на ваквиот непотизам и бандитизам на народот му се лоши, но нанесува и непоправлива штета за Македонија.

„И токму од тука велиме дека никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме“, порача Стоилковски. 

 

Стоилковски: УЈП да одговори кои се фирмите блиски до власта каде што завршиле парите?

Добро е што УЈП признава дека имало криминал со поврат на ДДВ, со којшто се испумпуваат пари од државната каса, но страшното е тоа што го признаа дури откако беше обелоденето од страна на ВМРО-ДПМНЕ, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање во врска со нафтените компании и нивната разработена шема за измами и за испумпување на пари од државниот буџет по основ на поврат на ДДВ, за која што прв информираше претседателот, Христијан Мицкоски и за која што денеска брифираше и директорката Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

И она што е важно прашање, вели Стоилковски, до кога објавување на криминал или за криминални случувања поврзани со власта, се вели дека е тоа загрозување на истрага?

„Да потсетам дека истото се случи, односно по објавување на криминал и со обвинувања за прекршување, односно нарушување на истрага власта настапи од случајот за модуларната, преку пасоши за мафијаши, па понатаму за Онкологија и редица други криминали во коишто е вмешана и одговорна власта. Вистинското прашање кое што треба да го одговори УЈП е, кои се тие фирми кои што се блиски СДС и до ДУИ, односно до власта, каде што завршиле овие пари? Се друго е замајување на јавноста“, рече Стоилковски. 

 

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

 

Остани поврзан