• среда, 03 јули 2024

Стоилковска, Србљак и Марковски дел од фјучерсот во Куршумлијска Бања

Стоилковска, Србљак и Марковски дел од фјучерсот во Куршумлијска Бања

Куршумлијска Бања, 29 август 2023 (МИА) – Магдалена Стоилковска во женска, како и Горазд Србљак и Обрад Марковски во машка конкуренција ќе настапат оваа недела на фјучерс турнирот во Куршумлијска Бања.

На женскиот дел од турнирот Стоилковска ќе настапува во сингл и во конкуренција на двојки. Во првото коло денеска ќе игра против носителката број 6 Сабина Дадациу од Романија (22 години, 997. место ВТА), а заедно со романската тенисерка ќе настапуваат во двојки и во првото коло ќе играат против српско-романската комбинација Јована Грујиќ и Паула Михаела Оница.

На машкиот дел од турнирот Србљак ги чека противникот од квалификациите, кои се играат и денеска, додека Марковски во првата рунда ќе игра 17-годишниот тенисер од Србија Алекса Писариќ.

Во квалификациите на овој турнир настапуваше и Шендрит Деари, но беше запрен во второто коло од квалификациите откако загуби од Русинот Максим Крапивин со 2-1 во сетови (61 46 5:10 на поени), додека во првото коло го победи Никола Митровиќ од Србија со 2-0 во сетови (60 75). ег/мд/

Фото: МТФ

Остани поврзан