• вторник, 12 мај 2026

Стоилковиќ со честитка за Велигден: Да ги надминеме разликите и да го зајакнеме чувството на припадност и заедништво

Стоилковиќ со честитка за Велигден: Да ги надминеме разликите и да го зајакнеме чувството на припадност и заедништво

Скопје, 12 април 2026 (МИА) - Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ упати честитки по повод големиот христијански празник Велигден, со искрени желби за здравје, спокој и радост во домовите.

-Овој празник носи силна порака за верата, обновата и силата на доброто. Нè потсетува дека токму во моментите на предизвици, човечноста, разбирањето и поддршката меѓу луѓето се најважни. Да го искористиме овој период за да покажеме повеќе грижа едни за други, да ги надминеме разликите и да го зајакнеме чувството на припадност и заедништво, истакнува Стоилковиќ во честитката.

Тој порачува Велигден да биде поттик за нова енергија, за позитивни мисли и дела, и за заеднички чекори кон подобра и посигурна иднина за сите граѓани.

-Ви посакувам празнични денови исполнети со топлина, љубов и благослов. Христос воскресе! Навистина воскресе!, наведува Стоилковиќ во честитката. нд/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан