• вторник, 12 мај 2026

МВР: Лишени од слобода двајца крадци, на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје одзеле личен накит од скопјанка

МВР: Лишени од слобода двајца крадци, на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје одзеле личен накит од скопјанка

Скопје, 12 април 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје вчера попладне лишиле од слобда двајца крадци, откако претходно на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје со употреба на физичка сила одзеле личен накит од 74-годишна жена. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи, вчера околу 15:30 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.М.(39) и А.С.(28), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од 74-годишна жена од Скопје, дека околу 13:05 часот на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, со употреба на физичка сила и го одзеле накитот што го носела.

Одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственичката, а по целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци. аа/вг/

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан