Од вторник до четврток променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
- Времето во следните денови, од вторник до четврток, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за изолирана појава на грмежи. Ќе дува југоисточен ветер кој во вторник ќе биде засилен, долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Во петок и во сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.