Велигденска честитка од Димовски: Победата на надежта и на светлината е вечна инспирација да истраеме во зачувувањето на нашите духовни и национални вредности
- -Со срца исполнети со пасхална радост и духовна торжественост, во името на членството на Социјалистичката партија на Македонија, како и во мое лично име како заменик-претседател на Владата, Вам, на свештенството и на верниот народ на нашата древна Македонска православна црква Ви упатувам најискрени честитки по повод најголемиот христијански празник – Воскресение Христово – Велигден. Победата на надежта и на светлината е вечна инспирација за сите нас да истраеме во зачувувањето на нашите духовни и национални вредности. Во овие празнични денови Вашето Блаженство го препознаваме како наш духовен татко и пастир кој не води кон Христовиот пат и со посебна почит се осврнуваме на улогата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија како вековен стожер на македонскиот идентитет и духовен патоказ на нашиот народ, се наведува во честитката.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.