• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Стипендија за летна школа по словачки јазик и култура

Стипендија за летна школа по словачки јазик и култура

Скопје, 9 април 2025 (МИА) -  Амбасадата на Словачка во Скопје известува за нов повик за доделување една стипендија на кандидат од Северна Македонија за учество на 61. Летна школа по словачки јазик и култура (Studia Academica Slovaca).

Школата ќе се одржува од 28 јули до 15 август 2025 година, со физичко присуство на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Коменски“ во Братислава (Faculty of Philosophy of the Comenius University in Bratislava).

-Кандидатите својата апликација заедно со мотивациското писмо треба да ја пратат електронски на е-адресата на Амбасадата на Словачката Република: emb.skopje@mzv.sk најдоцна до 25 април 2025 година, се наведува во објавата на Министерството за образование и наука, во која се достапни и веб-страниците каде што се достапни повеќе информации. хс/са/ 

Фото: МИА архива 

Остани поврзан