• недела, 22 декември 2024

Стејт департмент: САД се длабоко разочарани од одлуката за забрана на динарот, Приштина да го одложи спроведувањето

Стејт департмент: САД се длабоко разочарани од одлуката за забрана на динарот, Приштина да го одложи спроведувањето

Вашингтон, 1 февруари 2024 (МИА) - САД се длабоко разочарани и се спротивставуваат на планот на Косово да продолжи со спроведувањето на одлуката за забрана за употреба на странски валути, вклучително и српскиот динар, соопшти вечерва Стејт департментот.

„Повторно повикуваме спроведувањето на таа одлука веднаш да се одложи додека не се спроведат задоволителни процедури согласно европските стандарди, а населението не биде доволно информирано за начинот на кој ќе се спроведе транзицијата“, изјави портпаролот на Стејт департментот. во соопштение доставено до агенцијата Бета.

Се наведува дека одлуката е објавена „без соодветна подготовка и консултација“ и дека САД побарале од косовските власти „да објаснат каков проблем ќе се реши со таа регулатива и дали има потреба од итност“.

„Не слушнавме соодветен одговор. Многу граѓани на Косово сега не знаат како ќе ги платат сметките или ќе ги добијат пензиите“, додава портпаролот. Тој исто така изјави дека „оваа акција, исто така, е во спротивност со определбата на Косово да работи преку дијалог под покровителство на ЕУ за решавање на прашањата кои влијаат на благосостојбата на српската малцинска заедница“.

„Доброто владеење и доброто меѓународно партнерство бараат време за да се проценат последиците, да се разгледаат перспективите и да се консултира со други за можно решение. Последиците од ова и слични еднострани дејства ги ограничуваат можностите на САД како претставник на Косово на меѓународната арена“. зш/

Остани поврзан