• понеделник, 23 декември 2024

Стејт Департмент: Очекуваме исполнување на претходните договори меѓу Србија и Косово и формирање на ЗСО

Стејт Департмент: Очекуваме исполнување на претходните договори меѓу Србија и Косово и формирање на ЗСО
 

Вашингтон, 19 април 2023 (МИА) - САД очекуваат Србија и Косово да исполнат се што е договорено во претходните преговори, вклучително и формирање Заедница на општини со српско мнозинство, пренесе Бета.

„Нашиот фокус е на спроведувањето на договорот за нормализација на односите меѓу двете земји, со цел да им помогнеме да развијат помирни, предвидливи односи како соседи, што ќе овозможи поголема стабилност, безбедност и просперитет во регионот. САД и ЕУ очекуваат двете страни да ги исполнат обврските и спроведувањето на претходните договори од дијалогот, вклучително и Унијата на општини со српско мнозинство, што двајцата лидери го потврдија на средбата на 18 март во Охрид“, се вели во писмената реакција на Стејт департментот до Глас на Америка.

Претставниците на Србија и Косово пред точно еден месец во Охрид, со посредство на ЕУ и поддршка на САД, постигнаа  договор за анексот за спроведување на претходно прифатениот европски план за нормализација но една од главните точки - почетокот на формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО), „која остана главен камен на сопнување“.

Во писмената реакција се додава дека САД остануваат активно ангажирани во поддршката на Србија и Косово за имплементацијата. паг/

Фото: МИА архива

 

 
 
 

Остани поврзан