• петок, 22 ноември 2024

Стејт департмент: Затворањето на бирото на Ал Џезира во Рамала не е во согласност со поддршката за слободата на медиумите

Стејт департмент: Затворањето на бирото на Ал Џезира во Рамала не е во согласност со поддршката за слободата на медиумите

Ерусалим, 23 септември 2024 (МИА) - САД денеска соопштија дека упадот на израелската армија и затворањето на канцеларијата на катарската медиумска мрежа Ал Џезира во градот Рамала на Западниот Брег не е во согласност со американската поддршка за слободата на медиумите на таа територија и низ целиот свет.

Портпаролот на Стејт департментот рече дека САД сè уште собираат информации за операција на ИДФ во неделата.

Израелските сили упаднаа во канцеларијата на Ал Џезира на окупираниот Западен Брег и наредија затворање на 45 дена.

На објавената снимка се гледа како силно вооружени и маскирани војници влегуваат во канцеларија во Рамала.

Израелски војник му рекол на шефот на бирото на Ал Џезира на Западниот Брег Валид ал Омари дека судот наредил бирото да биде затворено на 45 дена.

-Ве молам веднаш да ги земете сите камери и да ја напуштите канцеларијата, рекол војникот, пренесоа агенциите.

Ал Омари рече дека израелските војници донеле камион и конфискувале документи, уреди и имот, без да каже која е причината за затворањето.

Ал Џезира го осуди нападот, нарекувајќи го криминален чин и во соопштението наведе дека ја смета Владата на Израел одговорна за безбедноста на своите новинари. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан