• понеделник, 23 декември 2024

Стефоска: Длабока почит кон Киријази - единствената жена која учествувала на Битолскиот конгрес

Стефоска: Длабока почит кон Киријази - единствената жена која учествувала на Битолскиот конгрес
Скопје, 22 ноември 2020 (МИА) - Министерката за култура, Ирена Стефоска денеска по повод 22 Ноември - Денот на албанската азбука искажа длабока почит кон ликот и делото на жената Пасаскеви Киријази, која учествувала на Битолскиот конгрес.
Таа на својот фејсбук профил напиша дека Киријази е единствената жена којашто учествувала во работата на Битолскиот конгрес, одржан на 22 ноември 1908 година, на кој е унифицирана азбуката на албанскиот јазик.
-На жените како Параскеви, кога и да живееле, каде и да се родиле и работеле, на кој јазик и да се изразувале и да дејствувале, можам единствено со почит да им се поклонам, пишува Стефоска на Фејсбук. бт/дма/

Остани поврзан