• петок, 05 декември 2025

Стефковски: Општина Гази Баба е подготвена за новата учебна година

Стефковски: Општина Гази Баба е подготвена за новата учебна година
Скопје, 31 август 2022 (МИА) - Со усвојувањето на извештаите и годишните програми за работа на основните училишта, општина Гази Баба е подготвена за почетокот на новата учебна година, напиша денеска градоначалникот Бобан Стефковски на својата официјална страна на Фејсбук.
Тој информираше дека вчера се оддржа 15-та седница на Советот на општина Гази Баба на која, како што посочи покрај усвоените годишни извештаи за работата на општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба, усвоени се и програмите за новата учебна година и програмите за реализација на екскурзии и вонучилишни активности.
-Покрај ова на вчерашната седница, советниците ја прифатија мојата предложена одлука за измена на програмата за Урбано планирање во која се зголемија средствата предвидени за рехабилитација и изградба на улици и средствата со кој општина Гази Баба партиципира во изградбата на Дневниот центар во Железара, напиша градоначалникот Стефковски на Фејсбук. мд/дма/

Остани поврзан