• среда, 03 јули 2024

Стефковски: Гази Баба ја живее обновата

Стефковски: Гази Баба ја живее обновата

Скопје, 17 февруари 2023 (МИА) - Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска беше во посета на населено место Булачани, каде што во моментот се одвиваат градежни активности за асфалтирање улици, известуваат од општината.

-Нема поубаво чувство од тоа кога знаеш дека со тоа што го правиш денес, оставаш зад себе среќни и задоволни луѓе. Бев во посета на улица „7“ во Булачани, која по подолго време, конечно добива асфалт. Голем број на семејства од овој дел на Булачани, повеќе нема да газат во кал, истакна Стефковски.

Тој посочи дека Општина Гази Баба оваа година за асфалтирање на локални улици определила над еден милион евра.

-Сум дал збор пред граѓаните и од тоа не бегам. На крајот од мојот мандат во општина Гази Баба нема да има неасфалтирана улица, потенцира Стефковски. ир/aa/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан