• недела, 07 јули 2024

Стефан Андоновски на Политичкото собрание на Европската народна партија во Лисабон

Стефан Андоновски на Политичкото собрание на Европската народна партија во Лисабон
Скопје, 17 ноември 2022 Денеска и утре во главниот град на Португалија, Лисабон, се одржува Политичкото собрание на Европската народна партија. Политичкото собрание претставува најголем политички состанок на Европската народна партија помеѓу два конгреси. На истата свое обраќање има и Манфред Вебер, претседател на Европската народна партија, како и голем дел од претседателите и меѓународните секретари на европските народни партии. Учествувајќи и на Управувачкиот комитет на меѓународните секретари, Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски, ја истакна важноста да Европската унија и европските народни партии да го зголемат своето присуство во регионот на Југоисточна Европа, но и напорот земјите од Балканот што побрзо да станат членки на Европската унија. Во тешки моменти и време на кризи во кои живееме, треба да се работи на искрено поврзување на земјите од Европа, а не дополнително нивно разочарување. Андоновски ја подвлече и важноста на справувањето со евроскептицизмот, во државите членки, но и надвор од нив. Оваа борба треба да биде преку реални, опипливи и мерливи резултати, реформи и активности, и на страна на Европската унија, но и на страна на државите-кандидати. На Политичкото собрание, прво по Конгресот во Ротердам од јуни оваа година, се обработуваат и најзначајните теми за Европа во моментот – војната во Украина, енергетската и економската криза и справувањето со предизвиците на европските граѓани. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________________________________________  МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан