• вторник, 26 ноември 2024

Стево Крстевски назначен за в.д. директор на Фондот за здравство

Стево Крстевски назначен за в.д. директор на Фондот за здравство

Велес, 4 ноември 2020 (МИА) - Владата на вчерашната седница за в.д. директор на Фондот за здравство го назначи 36-годишниот Стево Крстевски од Велес, актуелен советник од Коалицијата на СДСМ во сегашниот состав на Советот на Општина Велес, и сопственик на Книговодствено биро и консалтинг во Велес.

Крстевски за МИА изјави дека очекува решението да го добие во петок, по што и официјално ќе стапи на функција.

Неговата нова функција е неспоива со советничкото место, и тој треба да биде разрешен од функцијата советник, а на негово место да биде избран нов член во Советот на Општина Велес од коалицијата на СДСМ.

Ќире Гајдов на Советот на Општина Велес за МИА изјави дека неговото разрешување најверојатно ќе биде на утрешната седница на Советот, а на следната седница треба да се избере нов член. Тој информира дека следен на листата од Коалицијата на СДСМ е Злате Малинов.ад/бт/

Остани поврзан