• сабота, 23 ноември 2024

Стевановиќ: Дојдов да му помогнам на Еурофарм Пелистер да стане шампион

Стевановиќ: Дојдов да му помогнам на Еурофарм Пелистер да стане шампион

Битола, 24 февруари 2023 (МИА) – Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер денеска официјално го промовираше српскиот репрезентативец Дарко Стевановиќ за свое ново засилување.

Битолскиот клуб во понеделникот потпиша договор до јуни 2024 година со Стевановиќ, кој има пет настапи за репрезентацијата на Србија, а во Еурофарм Пелистер дојде од редовите на белорускиот првак Мешков Брест.

-Мило мие што дојдов во овој клуб. Гледам дека амбициите се големи и задоволен сум по одработените неколку тренинзи со екипата. Едвај чекам на првата средба да се претставам пред домашната публика, изјави Стевановиќ за клупскиот сајт.

Српскиот 26-годишен лев бек порача дека доаѓа во редовите на Еурофам Пелистер со шампионски амбиции.

-Се надевам дека ќе го покажам она што клубот го очекува од мене и да ѝ помогнам на екипата да ја оствари најважната цел оваа сезона – шампионската титула, порача Стевановиќ, кој претходно во кариерата настапуваше за белградски Партизан, унгарските екипи Егер и Балатонфуреди, како и за Ал – Араби и Ал – Веда во Катар. ег/лв/

 

Остани поврзан