Стартуваат Зимските параолимписки игри, Јовановски македонски претставник
- Откако минатиот месец во Милано и Кортина д’Ампецо се одржаа Зимските олимписки игри, од денеска до 15 март на истите борилишта ќе се одржат Зимските параолимписки игри (ЗПОИ) 2026, на кои прв пат во историја ќе настапи и македонски параолимпиец.
Верона, 6 март 2026 (МИА) – Откако минатиот месец во Милано и Кортина д’Ампецо се одржаа Зимските олимписки игри, од денеска до 15 март на истите борилишта ќе се одржат Зимските параолимписки игри (ЗПОИ) 2026, на кои прв пат во историја ќе настапи и македонски параолимпиец.
Спортистите со попреченост ќе се натпреваруваат за медали во шест спортови, а се очекува учество на околу 700 параолимпијци од околу педесет земји.
Македонски претставник на ЗПОИ2026 ќе биде Зоран Јовановски, кој учеството го обезбеди со вајлд-карта доделена од Интернационалниот параолимписки комитет.
Јовановски во својот прв настап на Зимските параолимписки игри ќе се натпреварува во дисциплината слалом, класа седење ЛВ11
Церемонијата на отворањето на ЗПОИ 2026 ќе се одржи вечерва во Верона со почеток во 20 часот под мотото „Живот во движење“. ег
ФОТО: ЕПА