• понеделник, 23 декември 2024

Старо-новиот градоначалник на Крушево и новите советници добија решенија

Старо-новиот градоначалник на Крушево и новите советници добија решенија
Крушево, 26 октомври 2021 (МИА) - Градоначалникот на Крушево Томе Христоски и новоизбраните советници денеска ги потпишаа решенија за новите функции. Христоски е старо-нов градоначалник и довербата на крушевчани ја доби во првиот круг од Локалните избори на 17 октомври. Старо – новиот градоначалник им честиташе на новоизбраните советниви и им посака успешна работа без ограничувањата кои ги носат партиите. -Ви честитам на сите и ви посакувам вашата работа да биде запаметена. Сега наш интерес е Крушево и сите сме од една партија. Со среќа, порача Христоски. Се очекува наскоро да се одржи и конститутивната седница на Советот. Во новиот состав на Советот на Крушево се шест советници од коалицијата предводена од СДСМ, четири од ВМРО-ДПМНЕ и еден советник од Алијанса за Албанците. ем/вг/

Остани поврзан