• понеделник, 07 октомври 2024

Стармер сака „ресетирање“ на односите на Велика Британија со Ирска и ЕУ

Стармер сака „ресетирање“ на односите на Велика Британија со Ирска и ЕУ

Даблин, 7 септември 2024 (МИА) - Велика Британија и Ирска денеска соопштија дека „од несогласувања повторно се насочуваат кон пријателство“, во момент кога британскиот премиер Кир Стармер е во посета на Даблин, како дел од неговите напори за подобрување на врските со Република Ирска и Европската Унија.

Стармер е првиот британски премиер кој ја посети Ирска во последните пет години. Тој разговараше со ирскиот премиер Сајмон Харис помалку од два месеци по нивната средба во резиденцијата во Чекерс и по победата на Лабуристичката партија на британските избори.

Ова е момент за ресетирање. Време е да дадеме значење зад тие зборови, му порача Стармер на Харис во Фармлеј, поранешната резиденција на семејството Гинис во предградието на Даблин.

Стармер, исто така, рече дека сака подобра соработка со земјите од ЕУ и дека се надева дека ќе ги подобри дипломатските и трговските односи, без да мора да ја преиспита основата на излегувањето на Британија од ЕУ.

Одлуката на Британија да ја напушти ЕУ по референдумот за Брегзит во 2016 година особено ги оптовари англо-ирските односи поради трговските правила кои важат за Северна Ирска, дел од Обединетото Кралство кое има копнена граница со членката на ЕУ, Ирска, што стана главна пречка за договорот.

„Овој момент претставува суштинска промена во нашите билатерални односи. Со дискусиите за Брегзит зад нас, се враќаме од несогласувања кон пријателство“, изјавија Харис и Стармер во заеднички напис за The Irish Times.

Харис го отвори состанокот со повик за „донесување одлука за тоа како треба да изгледа тоа ресетирање на практично ниво“. ссм/

фото: ЕПА

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан