Стармер го информирал Трамп за напорите на „коалицијата на подготвените“ да ја поддржат Украина
- „За време на разговорот, премиерот го информираше претседателот Трамп за видео-конференцијата на „коалицијата на подготвените“ што се одржа во саботата... Стармер повтори дека сите мора да работат заедно за да ја стават Украина во најсилна можна позиција за да се обезбеди праведен и траен мир во војната со Русија“, рече портпаролот на британскиот премиер, пренесен од Индепендент.

Лондон, 18 март 2025 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер го информирал американскиот претседател Доналд Трамп за разговорите на претставниците на „коалицијата на подготвените“ за зајакнување на Украина и обезбедување поддршка во случај на мировен договор со Русија, соопшти денеска неговиот портпарол.
Портпаролот нагласи дека Стармер и Трамп разговарале доцна синоќа.
„За време на разговорот, премиерот го информираше претседателот Трамп за видео-конференцијата на „коалицијата на подготвените“ што се одржа во саботата... Стармер повтори дека сите мора да работат заедно за да ја стават Украина во најсилна можна позиција за да се обезбеди праведен и траен мир во војната со Русија“, рече портпаролот на британскиот премиер, пренесен од Индепендент.
Запрашан дали Обединетото Кралство ќе биде подготвено да прифати Русија да го предаде суверенитетот на полуостровот Крим, кој го анектираше во 2014 година, портпаролот на Стармер рече дека војната може да се стави крај само преку преговори во центарот на Украина.
Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон ги предводат напорите за формирање „коалиција на подготвените“ составена од земји подготвени да понудат војници или поддршка на мировниците доколку се постигне договор за ставање крај на конфликтот во Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин рече дека начелно се согласува со прекин на огнот, но постави голем број услови за секој мировен план.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Вашингтон и Москва веќе почнале да разговараат за „поделба на одредена територија“ меѓу Украина и Русија како дел од договорот за ставање крај на конфликтот. Ваквиот потег би предизвикал огорченост во Европа, бидејќи ќе се смета за награда за руската инвазија на нејзиниот сосед, наведува британскиот весник.сд/
фото:МИА архива