• среда, 27 ноември 2024

Стапи во сила Инструментот на ЕУ за борба против економската принуда 

Стапи во сила Инструментот на ЕУ за борба против економската принуда 

Брисел, 28 декември 2023 (МИА) – Во сила стапи Инструментот на ЕУ за борба против принудата  (АЦИ), како алатка која ќе и овозможи на Унијата да ја спречи и да одговори на економската принуда, а со тоа и да ги заштити своите и интересите на нејзините земји членки на глобалната сцена. 

Првичната и основна цел на АЦИ е да ја спречи економската принуда, нудејќи и на ЕУ широк опсег на можни контрамерки кога една земја одбива да преземе мерки против принудата, како воведување давачки, рестрикции на трговијата со услуги и на правата на интелектуалната сопственост поврзани со трговијата, како и ограничувања за пристап до странски директни инвестиции и јавни набавки. 

Инструментот нуди и правна рамка за одговор на оваа појава, вклучително и процедури врз основа на кои засегнатите страни од економската принуда можат да контактираат со Европската комисија. 

- ЕУ ќе продолжи да соработува со партнери и сојузници истомисленици за справување со економската принуда, а АЦИ е значаен додаток на меѓународните напори во овој домен, се додава во соопштението на Еврокомисијата. 

Во европското законодавство економската принуда се дефинира како ситуација кога трета земја со закана за преземање мерки или со нивна примена се обидува да изврши притисок врз ЕУ или нејзина земја членка да направат одреден избор поврзани со трговијата или инвестициите. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан