• недела, 22 декември 2024

Стапија во сила нови правила за зајакнување на кибер безбедноста на институциите на ЕУ 

Стапија во сила нови правила за зајакнување на кибер безбедноста на институциите на ЕУ 

Брисел, 9 јануари 2024 (МИА) – Во ЕУ стапи во сила нова Регулатива за кибер безбедност со која се утврдуваат мерки за високо ниво на заедничка заштита од хакерски напади на институциите, телата, канцелариите и агенциите на Унијата. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Регулативата утврдува мерки за воспоставување внатрешна рамка за управување со ризик, раководење и контрола на кибер безбедноста за секој ентитет на Унијата. За таа цел се формира нов Меѓуинституционален одбор за кибер безбедност (ИИЦБ) со задача за следење на состојбите и за поддршка во имплементација на мерките од страна на институциите на Унијата.  

Дополнително со Регулативата досегашниот Тим за одговор на компјутерски итни случаи на институциите, телата, канцелариите и агенциите на ЕУ (ЦЕРТ-ЕУ) се преименува во Служба за кибер безбедност на институциите, телата, канцелариите и агенциите на ЕУ, но ја задржува кратенката ЦЕРТ-ЕУ. 

Со Регулативата новиот ЦЕРТ-ЕУ добива дополнителни надлежности како разузнавачки центар за откривање на закани, размена на информации и одговор на инциденти, со улога на централно советодавно тело и давател на услуги. 

Според еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан, Регулативата ја зајакнува кибер безбедноста на институциите на Унијата и ја усогласува администрацијата на ЕУ со безбедносните стандарди утврдени со Директивата за високи заеднички нивоа на кибер безбедност (НИС 2). 

Еврокомесарот за буџет Јоханес Хан смета дека отворањето на границите кон Европската унија е маневар на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за свртување на внимението од внатрешно-полити

- Како што кибер заканите стануваат се попродорни, а кибер напаѓачите се пософистицирани, најважно станува гарантирањето на високо заедничко ниво на кибер безбедност на институциите на Унијата за да се обезбеди отворена, ефикасна, безбедна и еластична јавната администрација на ЕУ, истакна Хан. 

Тој нагласи дека брзото усвојување на оваа Регулатива е доказ за посветеноста на ЕУ кон остварувањето на целите поврзани со кибер безбедноста.

- Сега ги повикувам институциите брзо да се вклучат и во преговорите за паралелната регулатива за безбедност на информациите, додаде Хан. сп/мс/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан