• понеделник, 14 октомври 2024

Стано за посетата на Вулин на Русија: Одржувањето врски со Русија не е во согласност со вредностите на ЕУ

Стано за посетата на Вулин на Русија: Одржувањето врски со Русија не е во согласност со вредностите на ЕУ

Белград, 4 септември 2024 (МИА) – Портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, коментирајќи ја посетата на Александар Вулин на Русија рече дека одржувањето врски со Москва за време на нејзината агресорска војна против Украина не е во согласност со вредностите на ЕУ и процесот на пристапување во Европската Унија.

- Европската унија сака да смета на сите земји кандидати како европски партнери од доверба кои споделуваат заеднички принципи, вредности, безбедност и напредок. Европската унија беше кристално јасна со своите партнери: односите со Русија не можат да бидат вообичаени поради неоправданата, агресорска војна на Русија против Украина, изјави тој за Н1, пренесува Бета.

Српскиот вицепремиер Александар Вулин, за време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Владивосток, рече дека „Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ нема да стане членка на НАТО, дека нема да воведува санкции кон Руската Федерација и нема да биде територија од која се врши антируско дејствување“, соопшти Кабинетот на вицепремиерот на Србија. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан