• недела, 22 декември 2024

Стано: Делегацијата на ЕУ во Киев ќе продолжи да функционира под досегашните услови  

Стано: Делегацијата на ЕУ во Киев ќе продолжи да функционира под досегашните услови  

Брисел, 20 ноември 2024 (МИА) - Европската комисија не ги коментира безбедносните мерки за заштита на амбасадите што ги преземаат одделни земји, бидејќи тоа е во доменот на надлежностите на националните власти, изјави денеска портпаролот на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано во одговор на новинарско прашање за ставот на ЕУ за одлуката на некои држави за затворање на нивните дипломатски претставништва во Киев. 

- Тие го прават тоа врз основа на информациите што ги имаат. Можам само да кажам дека во однос на Делегација на ЕУ, ние не преземаме никакви специфични мерки, бидејќи таа веќе функционира во опкружување кое е многу ризично, рече Стано. 

Според него, во услови кога рускиот претседател Владимир Путин продолжува со жестоките напади врз Украина, делегацијата на ЕУ и натаму ќе работи со досегашното ниво на подготвеност. сп/

Фото: МИА

Остани поврзан