• вторник, 15 октомври 2024

Станојковски и Николов ја претставуваат Македонија на ЕП во пинг-понг

Станојковски и Николов ја претставуваат Македонија на ЕП во пинг-понг

Линц, 14 октомври 2024 (МИА) - Од 15-ти до 20-ти октомври во Линц, Австрија се одржува сениорското Европско Првенство во индивидуална категорија и категорија на двојки.

Нашата држава ја претставуваат државните прваци Кристијан Станојковски од ППК Крива Паланка и Амелија Уце Николов од ППК Шампион Фа. Тие ќе се натпреваруваат во поединечна категорија, категорија на двојки и категорија на мешани двојки.

Како селектор и тренер исто така учествува Сашко Богатинов. дс

Фото: ППФСМ

Остани поврзан