Стаменкова: Подобро управување и вистински промени за сите граѓани во Македонска Каменица
- Соња Стаменкова, кандидат за градоначалник на Македонска Каменица од СДСМ и Коалицијата „За локални избори 2025" преку јавна објава ја претстави својата визија и приоритети за развој на општината.
Македонска Каменица, 1 октомври (МИА) – Соња Стаменкова, кандидат за градоначалник на Македонска Каменица од СДСМ и Коалицијата „За локални избори 2025" преку јавна објава ја претстави својата визија и приоритети за развој на општината.
„Безбедни и обновени улици, модерни и топли училишта за нашите деца и целосна и функционална канализација за секое населено место – ова не се само ветувања, ова е моја обврска“, порача Стаменкова, потенцирајќи дека како жител и активен граѓанин на Македонска Каменица сака општината да оди напред.
Таа истакна дека верува во чесна, транспарентна и ефикасна локална власт и дека нејзината кандидатура е мотивирана од потребата за подобро управување и вистински промени за сите граѓани.
„Оваа битка ја започнувам со срце, со чесност и со план. Поддржете ме – не за мене, туку за сите нас,“ додаде таа.
Стаменкова ја води кампањата под мотото „Соња за Каменица – од Каменица за Каменица“. вс/хс/
Фото: СДСМ - Соња Стаменкова