• понеделник, 23 декември 2024

Сталоне како мафијаш во својата прва ТВ-серија во кариерата

Сталоне како мафијаш во својата прва ТВ-серија во кариерата

Лос Анџелес, 24 ноември 2022 (МИА) - „Парамоунт плус“ почна со прикажување на акционата серија за мафијаш од Њујорк кој излегува од затвор по 25 години и оди во Тулса, Оклахома, САД... Занимливо е тоа што ова е прва главна улога на Силвестер Сталоне во ТВ-серија, по 80 филмови во неговата кариера.

Се работи за „Кралот на Тулса“ (Tulsa King), па според многумина светски познатиот „Слај“ (75) сѐ уште добро се држи, и сѐ уште шармантно ги пренесува репликите низ неговиот препознатлив изговор, водејќи нѐ во светот на мафијата. Тој самиот вели дека телевизијата е многу потешка од снимањето филмови, па второво сега му се чини како „одмор“. На ИМДБ, серијата има просечна оценка 8,4 / 10, а на „Ротен томатос“ ја препорачуваат 86 отсто од гледачите.  си/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан