• понеделник, 23 декември 2024

Ставре Јада по втор пат ќе учествува на Зимски олимписки игри

Ставре Јада по втор пат ќе учествува на Зимски олимписки игри
Крушево, 18 јануари 2022 (МИА) - Крушевчанецот Ставре Јада по втор пат ќе настапи на едни Зимски олимписки игри. Олимпијадата ќе се одржи во Пекинг од 4 до 20 февруари. Македонецот ќе настапува на спринт од 1,4 километри и во маратонот од 50 км. - По втор пат учествувам на едни Олимписки игри во мојот спорт нордиско скијање. Претходно бев учесник на Игрите во Јужна Кореа во 2018 година. Од 4 до 20 февруари повторно ќе ги претставувам боите на Македонија, изјави Ставре Јада. Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски му посака успешен настап на Јада во Пекинг. зс/

Остани поврзан