• недела, 22 декември 2024

Српски студенти протестираат против назначувањето декан на ФПН поради тврдењата за сексуално вознемирување жени

Српски студенти протестираат против назначувањето декан на ФПН поради тврдењата за сексуално вознемирување жени

Белград, 7 јуни 2024 (МИА) - Стотици студенти на Универзитетот во Белград денеска протестираа против назначувањето декан кој го обвинуваат за сексуално вознемирување жени со години.

Обвиненијата против професорот, Славиша Орловиќ, датираат од пред повеќе од 20 години, но неговото потенцијално назначување за декан на Факултетот за политички науки во главниот град на Србија поттикна неколку жени да проговорат на социјалните мрежи.

Студентите го блокираа пристапот до универзитетот, а организаторите ветија понатамошни активности доколку кандидатурата на Орловиќ биде одобрена од Советот на факултетот.

„Овој факултет треба да ни покаже кои се вистинските вредности, но не успеа“, изјави за новинарите 28-годишната студентка Јована Крстиќ, која помогна во организирањето на протестот.

Во 2014 година, кога Орловиќ служеше како продекан, студентка поднела жалба против него до универзитетот во која се наведува дека сексуално ја вознемирувал. Тој подоцна беше сменет од функцијата, иако официјалната причина беше незадоволителна соработка со администрацијата на факултетот.

„Ако факултетот го застапува човек кој навредува над 25 години, зошто некој мисли дека ќе престане кога ќе ја добие оваа функција? рече Јелена Ризниќ од неформалниот колектив „Женска солидарност“ кој со недели ги објавува сведочењата на студентите на социјалните мрежи.

Актуелниот декан на факултетот, Драган Симиќ, изрази поддршка за демонстрантите.

„Јас како татко на ќерка сум повеќе од загрижен што се случуваат такви работи“, изјави Симиќ.

„Нема доволно силни зборови на српскиот јазик за да го изразам она што го чувствувам кога ги слушам сите овие сведоштва“.
Студентите се заканија дека ќе го блокираат влезот во тој факултет. Белчгрљадски медиуми јавија дека тој е избран за декан иако не е јасно како бидејќи во првиот круиг гласање не добил доволно гласови. На веб-страницата е објавено дека на Факултетот во моментот настава следат 3.500 студенти.  зш/
фото Википедија

Остани поврзан