• петок, 20 декември 2024

Српска Канцеларија за КиМ: Косовската полиција претепала тројца Срби кај Зубин Поток

Српска Канцеларија за КиМ: Косовската полиција претепала тројца Срби кај Зубин Поток

Белград, 30 септември 2023 (МИА) - Српската владина Канцеларија за Косово и Метохија денеска соошти дека тројца Срби од село во општината Зубин Поток биле брутално претепани од припадници на косовската полиција. 

Според соопштението, трите лица утрово биле „запрени од членови на ФИТ, биле тепани, клоцани и удирани по телото, со вулгарни пцовки и навреди на национална основа“.

„Според сведочењето на повредените, специјалците на Курти им рекле на Србите дека немаат што да бараат на северот на Косово и Метохија. Тие се повредени и по инцидентот побарале лекарска помош, а тежината на повредите ќе се утврдува “, се вели во соопштението.

Ова, се вели во соопштението, „ја продолжи спиралата на насилство со која Приштина на секој можен начин се обидува да го спречи нормалниот живот на српскиот народ на северот на Косово и Метохија“. зш/

Остани поврзан