• понеделник, 23 декември 2024

Српската опозицијата со став дека ја прекинала конститувната седница на Собранието, реакции и од власта

Српската опозицијата со став дека ја прекинала конститувната седница на Собранието, реакции и од власта

Белград, 6 февруари 2024 (МИА) - Опозициската партија „Србија против насилството“ по полагање на заклетва во холот на собранието излезе со став дека „ја натерале владеачката СНС да ја прекине конститутивната седница“, додека владеачките партии го осудија „недоличното однесување на опозицијата“, јави дописникот на МИА од Белград.

–Со решителна акција на сите пратеници од опозицијата денеска успеавме да ја прекинеме седницата на Народното собрание и Српската напредна странка (СНС) мораше да ја прекине на неопределено време, изјави Радомир Лазовиќ, кој е прв на изборната листа „Србија против насилството“.

„Ова е голем успех на опозицијата“, изјави тој и додаде дека тие барале оваа седница да се одржи по усвојувањето на резолуцијата за изборна кражба во Европскиот парламент.

-Ни вршеја претрес, гледање во чанти и џебови, моравме да ги ги соблечеме капутите, а во салата имаше цел кордон неуниформирана полиција. Токму вака се однесува крадецот кој е фатен како краде. Тие користеа сила за да го заштитат својот плен. Сепак, верувам дека моќта на чесните граѓани и моќта на вистината е посилна и дека ќе се избориме за демократска и слободна Србија, рече Лазовиќ.

Пратеникот и претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, ги осуди постапките на претставниците на опозицијата, оценувајќи дека постои законска рамка што тие требало да ја следат доколку имале забелешки за исходот од изборите и дека нивното однесување на конститутивната седница, според него, била несоодветна.

-Од кога сум во парламентот никогаш не сум повикувал некој да се однесува вака: транспаренти, викање, навреди. Не ни треба овој хаос во парламентот, рече Дачиќ.

Тој појасни дека според законската рамка, конституирањето на Собранието подразбира верификација на пратеничките мандати, и да - Националното собрание и официјално се конституира денеска со што почна рокот за формирање влада.

Тој кажа дека ќе биде на чело на пратеничката група на СПС и најави продолжување на соработката со СНС и на парламентарно ниво и во сферата на формирањето на извршната власт, како и соработка на ниво на локална самоуправа.

Претседателот на СНС, Милош Вучевиќ изјави дека денеска се потврдени мандатите на пратениците и дека во наредниот период ќе се конституираат сите тела на парламентот согласно волјата на владејачкото мнозинство.

Тој додаде дека опозицијата си дала за право да каже дали некој е пратеник или не.

-Тие си дадоа право да кажат дали изборите се регуларни или не, иако самите, токму преку тие избори и по избор на волјата на граѓаните на Србија, влегоа во денешното собрание, односно во Домот на народното собрание, рече Вучевиќ.

Денешната конститутивна седница по верификација на мандатите и полагање на заклетва на претениците е прекината на неодредено време од Стојан Раденовиќ (СНС) кој како најстар пратеник ја водеше истата. об/ссм/

фото: РТС принтскрин

Остани поврзан