• сабота, 16 ноември 2024

Српската Народна партија го тужи Вучиќ поради воведување полициски час

Српската Народна партија го тужи Вучиќ поради воведување полициски час
Белград, 7 јули 2020 (МИА) - Српската Народна партија денеска соопшти дека ќе поднесе тужба против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради воведување полициски час и ограничувања на слободата на движење на граѓаните. - Вучиќ прогласи победа над короната, а сега повторно не заклучува сите во куќен притвор и има намера да ја наметне одговорноста кон граѓаните на Србија по којзнае кој пат. Тој ги заведе граѓаните и ги загрози нивните животи со неговите лажни избори, се наведува во соопштение на Народната партија. Тие ги повикаа симпатизерите утре попладне да протестираат против воведувањето на полициски час. јт/зш/

Остани поврзан