Средствата од „Golak Trails 2025“ донирани за децата повредени во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани
- Организаторите на спортскиот настан „Golak Trails 2025“ денеска ги уплатија средствата собрани од котизациите, како и донациите од кутијата за хуманитарна помош, за шесте деца кои сè уште се хоспитализирани по трагедијата во Кочани.
Делчево, 1 октомври 2025 (МИА) - Организаторите на спортскиот настан „Golak Trails 2025“ денеска ги уплатија средствата собрани од котизациите, како и донациите од кутијата за хуманитарна помош, за шесте деца кои сè уште се хоспитализирани по трагедијата во Кочани.
Од организацијата соопштија дека ова претставува мал придонес за нивното побрзо закрепнување и подобра иднина, додавајќи дека акцијата треба да биде и поттик за сите граѓани да продолжат да ги поддржуваат децата и да не ги забораваат.
-Ви благодариме на сите учесници, посетители и поддржувачи кои помогнаа оваа хуманитарна акција да биде успешна. Заедно покажавме дека спортот не е само натпревар, туку и заедништво, солидарност и човечност,“ велат од „Golak Trails“. вс/вј/

Фото: Golak Trails 2025