• сабота, 06 декември 2025

Средношколци од Берово учествуваа на обука за кулинарско претприемништво во Грција

Средношколци од Берово учествуваа на обука за кулинарско претприемништво во Грција
Берово, 11 јули 2021 (МИА) - Група ученици од Општинското средно училиште „Ацо Русковски" од Берово успешно ја завршија петнаесетдневната обука за кулинарско претприемништво која се одржа  во Јанина, Грција. Како што информираше директорот на училиштето Сашко Корчовски станува збор за активност реализирана преку Еразмус плус проектите од Националната програма за европски образовни програми и мобилност. -Обуката се реализираше во рамките на проектот „Зајакнување на Малешевскиот регион преку кулинарско претприемништво“, преку кој, 23 ученици од угостителско-туристичката струка имаа можност да се запознаат со традиционалната грчка кујна и да се стекнат со кулинарски знаења и вештини, истакна Корчовски. Во рамки на посетата на Јанина, како што додаде Корчовски, учениците од Берово се стекнале со солидни знаења во делот на подготовка на традиционалната грчка алва, баклава и подготовка на месо во гастро фурна. -Се надеваме дека преку ваквите и слични проекти учениците и во иднина ќе имаат можност да се стекнат со нови искуства и секако да ги прошират своите знаења, додаде Корчовски. Од беровската гимназија информираат дека ова е трет успешно реализиран проект на ОСУ „Ацо Русковски“ кој се реализира преку Еразмус плус програмата. вс/аа/  

Остани поврзан