• сабота, 23 ноември 2024

Средношколците медицинари од Крива Паланка го одбележаа Светскиот ден на здравјето

Средношколците медицинари од Крива Паланка го одбележаа Светскиот ден на здравјето
Крива Паланка, 7 април 2023 (МИА) - Учениците од медицинските паралелки во прва и втора година во средното општинско училиште „Ѓорче Петров", Крива Паланка денеска го одбележаа Светскиот ден на здравјето и здравствените работници - 7 Април со мерење шеќер во крвта и крвен притисок на граѓаните.
 
-Триесетина ученици од двете образовни години,под менторство на професорката Ивана Николовска, на штанд во градскиот парк симболично го одбележаа денешниот ден посветен на здравствената професија кон која и овие наши ученици се насочени и стремат. За таа цел, ученици од здравствена струка, насока медицинска сестра поделија едукативни флаери за здрава храна, контрацепција, ментално здравје, хипертензија, задача што ја реализираа учениците од прва година, додека оние од втора година вршеа проверки на шеќер во крвта  и мереа крвен притисок на над стотина граѓани кои минуваа во паркот, информира директорката на СОУ „Ѓорче Петров", Крива Паланка, Елена Ѓоргиевска.
 
Таа посочи дека ваквиот начин на одбележување на денот прераснува во традиција во училиштето,а како наставен и раководен кадар се горди на своите ученици и   се максимално посветени на инвестирање во пружање знаење и стручност за идните здравствени кадри во чиишто раце ќе биде доверено здравјето на граѓаните.ид/лв/
 
фото МИА 

Остани поврзан