• среда, 04 февруари 2026

Средба Хоџа - Мејдани: Заложба за регионална координација на Зелената агенда во рамки на европските интеграции

Средба Хоџа - Мејдани: Заложба за регионална координација на Зелената агенда во рамки на европските интеграции

Скопје, 29 јануари 2026 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа денеска остварил средба со амбасадорот на Република Албанија во земјава, Денион Мејдани, на која ги оценил како одлични односите меѓу двете земји и ја истакнал важноста од блиска регионална соработка за спроведување на зелените политики и постигнување на европските стандарди.

Како што информираат од МЖСПП, посебен фокус во разговорите бил ставен на размената на искуства и добри практики во процесот на усогласување со политиките на Европската Унија во областа на животната средина, како и на можностите за заеднички иницијативи кои придонесуваат кон одржлив развој и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во двете земји.

Амбасадорот Мејдани ја изразил подготвеноста на Република Албанија за продолжување и продлабочување на соработката со институциите на Република Северна Македонија, при што ја нагласил важноста од регионална координација во рамки на Зелената агенда за Западен Балкан и процесот на европска интеграција.

Соговорниците, се посочува, ја потврдиле заедничката заложба за континуиран дијалог, искрено партнерство и конкретна соработка во проекти и иницијативи кои придонесуваат за заштита на животната средина и зајакнување на регионалната стабилност и развој. фф/вг/

Фото: МЖСПП

Остани поврзан