• понеделник, 23 декември 2024

Трифуновски - Ангелов: Потврдена подготвеноста за изградба на железничкиот Коридор 8

Трифуновски - Ангелов: Потврдена подготвеноста за изградба на железничкиот Коридор 8

Скопје, 4 октомври 2023 (МИА) - Директорот на ЈП за железничка инфраструктура-Железници на РСМ, Зоран Трифуновски  и амбасадорот на  Бугарија во државава Ангел Ангелов одржале средба на која дискутирале за спроведувањето на активностите за изградба на железничкиот Коридор 8.

-На средбата беше дискутирано за железничкиот Коридор 8, односно за неговата имплементација во наредниот период. На состанокот се потврди заедничката волја и подготвеноста на сите засегнати страни за изградба и развој на источниот крак од железничкиот Коридор 8, соопшти по средбата ЈП за железничка инфраструктура -Железници на РСМ.

На источниот крак од Коридорот 8 во државава треба да се изгради пругата Куманово-Бељаковце-Крива Паланка со која железнички ќе се поврземе со Бугарија, а од крајот на октомври минатата година повторно има активности за првите две делници.лв/са/

фото:ЈП за железничка инфраструктура на РСМ

Тагови

Остани поврзан